Откриена вистината за семејство девет години живеело во подрум во холандско село чекајќи го крaјот на светот

Приказната за семејството кое 9 години живеело во подрум во Холандија, чекајќи го крајот на светот доби бизарна завршница.

Иако првобитно се мислеше дека се работи за семејство,татко со своите деца, се испостави дека целото семејство, или поточно соседот со пет деца, во изолација ги држел Јосеф Брунер од Австралија.

58- годишниот Брунер, некогаш припаѓал на култ и тврдел дека е подобар од Исус, рекол неговиот брат.

Франц тврди сека неговиот брат живеел во заблуда и дека се одалечил од семејствотоо и се придружил на секта.

Проблемите со браќата започале кога таткпто му ја предал фармата.

„Кога Јосеф дозна дека сум главен на фармата, почна да бара да му плаќам за услугите.Немав контакт со него 10 години. Кога го видов последен пат му реков да не се враќа и дека не сакам да имам ништо со него“ раскажал Франц.

Јосеф ги напуштил и ќерките близначки, а ги игнорирал и во 2017 кога се обиделе да стапат во контакт со него.

Полицијата се обидува да утврди што го натерало Брунер да ги затвори соседот заедно со нивните пет деца на возраст од 18 до 25 години во тајна соба под скалите на изолирана фарма.

Јозеф соседите го опишале како некој што никогаш немал девојка и не ги поздравувал на улица.

Шест млади луѓе и нивниот татко добиле лекарска помош откако полицијата, која дошла на повик, ги пронашла заклучени во подрум на изолирана фарма во близина на селото Руинерволд во провинцијата Дренте, на северот на Холандија.

Во куќата се најдени и пари, па се претпоставува дека сектата им ги испраќала за да се издржаат.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега