Откриена причината поради која се самоубила детската водителска ѕвезда

Маја Лециа Нејлор ѕвездата на детскиот програмски сервис на Би-Би-Си почина на 16 годишна возраст откако што беше пронајдена обесена во својот дом.

Според истрагата тинејџерката настрадала во несреќен случај и не сакала да си го одземе животот, пренесуваат британските медиуми.

Тоби Воткин, асистентот на истрагата откри дека Маја се обесила во внатрешноста на својата семејна куќа на 7 април годинава.

Родителите откриле дека од нивната ќерка добиле повик дека нејзините оценки биле под нејзините очекувања.

-За неа тоа не било нормално. Се нервирала околу испитите, вели таткото на Маја кој ја отфрлил приказната дека таа се самоубила.

-Мислам дека таа не сакала да го направи тоа, имаше планови за иднината, додава тој.

Токсиколошкиот преглед покажал дека во телото на детската водителка не се пронајдени дрога и алкохол, ниту пак ништо сомнително што би и помогнала на истрагата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега