Откриен идентитетот на напаѓачот на бизнисменот од Бања Лука - полицијата го барала со Интерпол

Полицијата го идентификувала напаѓачот кој е убиен за време на ликвидацијата на бизнисменот од Бања Лука Славиш Круниќ. Полицијата трага по вториот напаѓач, за убиството да биде расветлено во целост.

Станува збор за Жељко Ковачевиќ од Бања Лука кој од претходно е познат на полицијата. Неодамна бил уапсен поради изнудување паро од сопственик на познат ресторан во Бања Лука. Уапсен е и во февруари 2011 година, а полицијата на неговиот семеен имот нашла предмет за кој се сомнева дека е украден. Интерпол од Загреб по него распишал потерница поради обид за убиство и грабеж. Мотивот за убиството на Круниќ засега не е познат.

Еден од соседите кои живеат во близина на местото каде се случил инцидентот кажал за АТВ дека слушнал само рафали, но дека не успеал ништо да види.

За убиениот Круниќ, мештаните имаат само пофални зборови, велат помагал кому можел да помогне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега