Откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување

Над 75 проценти од патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми е концентриран кон дестинации во Европа, поради што, наведува концесионерот, нормално е дека состојбата со доцнењата и откажувањата на летовите која се случува на европските аеродроми, се прелева и на македонските, но, овде тоа не е толку драматично како што е случај со аеродромите на европските дестинации.

Авијацијата, укажуваат од ТАВ Македонија, функционира како систем на врзани садови, авионите кои денеска треба да одлетаат од Скопје, претходно треба да дојдат од друг аеродром, од дестинациите со кои сме поврзани. Така што, ако авионот доцни на пристигнување во Скопје, автоматски ќе доцни и неговото поаѓање одовде и ние тука не можеме ништо да направиме, освен да се прилагодиме на ситуацијата која ни доаѓа однадвор. Доцнењата и откажувањата на летовите што се случуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид се одлука на авиокомпаниите. Според она што аеродромскиот оператор го добива како информација од нив, доцнењата и откажувањата се случуваат од различни причини, кои може да бидат или оперативни или пак поради неповолни временски услови.

Ги советуваат патниците доколку имаат жалби и/или потреба да бараат некаков надомест во врска со неисполнети услови поврзани со нивниот лет, да се обратат кај авиокомпанијата. Кога патниците купуваат авионски карти од авиокомпанијата, тие практично склучуваат договор со неа, односно се согласуваат со правилата и условите на користење на услугата кои ги пропишува самата авиокомпанија.

– Она што е важно за патниците и јавноста да знаат е дека ние како аеродромски оператор немаме проблеми со капацитетите на двата македонски аеродроми кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. Во ТАВ Македонија немаме недостиг на персонал. Работевме плански со цел да имаме доволно кадар да ги опслужи операциите со авиони, патници и багаж во оваа летна сезона, за која очекувавме дека ќе имаме зголемен авиосообраќај, имајќи предвид дека луѓето веќе од почетокот на пролетта почнаа поинтензивно да патуваат, како што ковид рестрикциите на странските држави за македонските граѓани се креваа, велат од ТАВ Македонија.

– Откажани летови има, но процентот е мал, на пример во јули, од вкупно 1.572 планирани летови на скопскиот аеродром, 30 лета беа откажани, што претставува 1,9 проценти од вкупниот сообраќај. Значи дека откажувањата се случуваат, но ситуацијата не е толку изразена како на европските аеродроми, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.

Над 75 проценти од патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми е концентриран кон дестинации во Европа, поради што, наведува концесионерот, нормално е дека состојбата со доцнењата и откажувањата на летовите која се случува на европските аеродроми, се прелева и на македонските, но, овде тоа не е толку драматично како што е случај со аеродромите на европските дестинации.

Авијацијата, укажуваат од ТАВ Македонија, функционира како систем на врзани садови, авионите кои денеска треба да одлетаат од Скопје, претходно треба да дојдат од друг аеродром, од дестинациите со кои сме поврзани. Така што, ако авионот доцни на пристигнување во Скопје, автоматски ќе доцни и неговото поаѓање одовде и ние тука не можеме ништо да направиме, освен да се прилагодиме на ситуацијата која ни доаѓа однадвор. Доцнењата и откажувањата на летовите што се случуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид се одлука на авиокомпаниите. Според она што аеродромскиот оператор го добива како информација од нив, доцнењата и откажувањата се случуваат од различни причини, кои може да бидат или оперативни или пак поради неповолни временски услови.

Ги советуваат патниците доколку имаат жалби и/или потреба да бараат некаков надомест во врска со неисполнети услови поврзани со нивниот лет, да се обратат кај авиокомпанијата. Кога патниците купуваат авионски карти од авиокомпанијата, тие практично склучуваат договор со неа, односно се согласуваат со правилата и условите на користење на услугата кои ги пропишува самата авиокомпанија.

 

19.08.2022 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега