Откажана утрешната лидерска средба

По седницата на ЦО, извори од СДСМ, за „Дојче Веле“ велат дека е откажана за утре закажаната лидерска средба поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на неа.

Лидерската средба на која утре требаше да се расправа за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми, е откажана, дознава ДВ од извори во СДСМ. Тоа на вечерашниот состанок на Централниот одбор на партијата го потврдил и партискиот лидер Заев. 

Образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села. 
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега