Откажана новогодишната прослава на Тајмс сквер

Властите во Њујорк забранија дочек на Новата година Тајмс сквер, едно од најпопуларните локации за таа пригода во светот. Наместо тоа, ќе биде има виртуален дочек на Тајмс сквер кој милиони луѓе ќе може да го елседат на интернет.

Тајмс сквер алијанса, која го организира најпознатиот дочек на Новата година соопшти дека таму ќе бидат пуштени ограничен број луѓе и тоа само поради емитувањето на програмата на дочекот за гледачите преку интернет и телевизија.

Американските медиуми пишуваат дека просторот ќе биде ограден и оти њујоршката полиција нема да дозволи пристап до Тајмс сквер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега