Откако мокмчето ја претепа, доживеа уште еден удар - најдобрата другарка на Ивана била во тајна врска со Ѓорѓе

22-годишната Ивана Филиповиќ, студентката која во средината на март беше претепана од своето момче Ѓорѓе Лацковиќ, кој ја сечел со нож и ја горел со пегла, повторно е нападната.

Овој пат несреќната девојка се нашла на метата на најдобрата пријателка и тоа откако после истрагата испливало дека зад грбот на Ивана таа била во врска со Ѓорѓе.

Како сведок во обвинителството била сослушана пријателката на Ивана. Адвокатот на одбраната ја испитувал пријателката за нејзиниот однос со Лацковиќ и ги покажал пораките кои тие двајца ги разменувале. Тогаш се видело дека Ѓорѓе ја изневерувал Ивана со нејзината најдобра пријателка. Освен пораки, постојат и фотографии и нивни интимни снимки - пишува „Србија денес“.

Филиповиќ поради оваа информација се затворила во својот дом и со денови не сакала да излезе.

Ивана и нејзиното семејство не сакале да го потврдат ниту да го демантираат овој инцидент.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега