Отишла до градинка да го однесе помалото дете, а кога се вратила пред влез ја дочекал ужас - детали за трагедијата во Ниш

Мајката на 7-годишното момче, кое падна утринава во 08:30 часот од 12. спрат од зграда во Ниш, дознала дека нејзиното дете загинало кога се враќала дома и здогледала тело прекриено со ќебе пред зграда.

Како што пишуваат српските медиуми, мајката го оставила момчето само дома, додека излегла другото дете да го однесе во градинка.

Засега не е јасно како дошло до трагедијата, но постои сомнение дека момчето, нетрпеливо да види дали се враќа мајка му, се потпрело на прозорот, изгубило рамнотежа и паднало од голема висина врз паркираните автомобили пред зградата.

Полицијата и Брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот. Лекарите, за жал, само можеле да констатираат смрт на момчето. Телото на момчето било прекриено со ќебе на бетонот пред зградата.

Оваа ужасна глетка мајката на 7-годишното дете ја затекнала кога се враќала дома. Несреќната жена, ги молела полицајците да ѝ го покажат телото за да види дали е тоа нејзиното дете. Во тој момент најстрашната ноќна мора за мајката, станала вистина. Итната помош на лице место ѝ укажувала помош на несреќната жена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега