Отец Пимен: „Нè имало и кога немало Устав, ако се јадеме едни со други, математиката е јасна“

 

По објавување на договорот за името помеѓу Грција и Македонија, на социјалните мрежи се огласи и Отец Пимен кој напиша дека Македонците ги имало и пред да има Устав.

„Нè имало и кога немало Устав. 

Нè имало и кога имало додавки како Македонија Прима и Македонија Секонда.

Нè имало кога сме се обединувале во идејата да нè има повикувајќи ги соседите под знамето на слободата. 

Од ум и од пизма ќе нè снема, а не од договори, устави и додавки или лоши соседи. 

Ако се јадеме едни со други, математиката е јасна. Ќе нè има сѐ помалку.“напиша тој

 

 

 

14.06.2018 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа