Осум дена ни трага ни глас од Марија - Македонија на нозе

Истрагата за исчезнувањето на Марија Брзакова (28) од Босилово од вчера ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Според информациите оттаму отворена е предистражна постапка, а повеќе детали во интерес на истрагата не се соопштуваат.

Потрагата по исчезнатата Брзакова трае веќе осум денови, а за време на викендот стотина ловци и граѓани во координација со полицијата трагаа по неа по течението на реките Турија и Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Монспитовското блато.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна во утринските часови на 18 овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го
пријавил нејзиниот сопруг. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега