Осум автобуси и комбиња за превоз на патници исклучени од сообраќајот во Штип

Осум автобуси и комбиња, кои превезувале патници, ученици и работници се исклучени од сообраќај по вчерашната засилена акциска контрола на територијата на Општина Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска соопшти дека вчера во период од 7 до 11 часот е реализирана засилена акциска контрола од страна на Полициската станица за безбедност во сообраќа во СВР-Штип.

-Контролирани се 23 автобуси од кои кај осум била утврдена техничка неисправност, односно шест биле со неисправен уред за сопирање и две останати уреди. Осум возила се исклучени од сообраќај, упатени на вонреден технички преглед и издадени се прекршочни платни налози, вели Панајотова.

Таа истакна дека и во наредниот период ќе продолжат со вакви контроли, со цел поголема безбедност за учесниците во сообраќајот, а секако и на патниците, кои се превезуваат во автобуси и други видови на возила наменети за превоз на патници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега