Осудени секси нарко-дилерки во Србија - откриен начинот на кој работеле, вклучен и свештеник

Основниот суд во Чачак ги осуди 47-годишната Светлана Попадиќ од Лопаша и 40-годишната Ненада од Ваљево на 5 години затвор поради неовластено происводство на опојни дроги, додека 25-годишната ќерка на Светлана, Ана под истото обвинение добила 3 години затвор,

Со докази од претресот утврдено е дека ќерката, по наговор на мајката, го наговорила некогашниот вероучител и свештеник, 44-годишниот Зоран Маринкович да превезе дрога од Косово и Швајцарија или да најде некој за таа работа, со ветена награда од 5.000 евра.

Утврдено е дека Зоран Маринковиќ го ангажирал 42-годишниот свештеник Милан Јордовиќ да ја направи таа работа.

Во станот на мајката и ќерката пронајдени се 1.035 американски долари, 280 евра, 28.060 динари, 50 канадски долари, 70 конвертибилни марки и 40 шведски круни, за кои постои сомнение дека се стекнати со продажба на наркотици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега