Оставката на Борисов засега не е на дневен ред во Бугарија

Прашањето за оставка на Борисов не е на дневен ред. Тоа го изјави бугарската министерка за социјални работи Деница Сачева за БТВ.

 

– Сите опции се дискутираат, но ние мора да бидеме водени од друга цел – одговори Сачева на прашањето дали се разговара за експертски кабинет.

– Основната работа не треба да биде оставка, туку она што е корисно за секого – дебата за промени во Уставот, изборен законик што гарантира демократски избори, ажурирање на буџетот –  додаде Сачева.

Денеска ќе бидат одржани 59-ти по ред протести во Бугарија со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа