Останаа и без пари, и без возачки - полицијата фати 20 пијани возачи во Тетово

Вистински хаос се случувал вчеравечер на територијата на Тетово. При голема полициска акција на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер биле затекнати 20 возачи коишто консумирале алкохол и притоа повторно седнале зад волан да управуваат со возило. Кај 20 возачи било утврдено дека возеле пијани, па тие возачи ќе си останат и без пари, и без возачки. 
 
„Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (23/24 септември) од 23 до 5 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани се 20 возачи(ТЕ-15 и ГВ-5) кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-1)“, изјавија од МВР за „Прес24“.
 
„СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол затоа што управувањето под дејство на алкохол ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, порачаа од полицијата.
24.09.2023 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега