Османи: Здружување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е ризичен потег

 

ДУИ очекува ВМРО-ДПМНЕ да не ги поддржи реформите доколку помине Законот за јазиците. Ваквиот став денеска го соопшти вицепремиерот Бујар Османи оправдувајќи ја владата зошто доцнат реформите.
Османи смета дека за доцнењето на реформите виновна е опозицијата.
Понудата на Мицкоски да му даде поддршка на Заев за да не се донесе Законот за јазиците Османи ја оцени како потпалување на меѓуетничките тензии.

– Тоа е сериозна изјава и се надевам дека ќе ја демантираат, дека е погрешно искажана, бидејќи да дадат порака дека една етничка заедница треба да формира сама влада за да ги спречи другите етнички заедници да можат да го користат нивниот јазик и основните човекови права е крајно неодговорно во овие историски моменти

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема коментар за овој став на Османи. Од партијата нема ниту потврда ниту демант на можноста да се повлечат од работните групи доколку Законот за јазиците ги заобиколи нивните амандмани.

 

 

 

12.03.2018 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа