Османи за бугарската НОВА: И во добро и во лошо, ние сме блиски пријатели и треба да си помагаме

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија душевен мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно. Имаше ефективно справување со последиците од оваа криза. Ова е уште еден знак дека, во добро или лошо, ние сме блиски пријатели и треба да си помагаме“, ова за бугарската НОВА го изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Тој ги отфрли заговорите дека трагедијата била организирана за да се натера Софија да каже да за Скопје на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија. И покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна влада, но ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а пријателството меѓу нашите две земји е заложник“, рече Османи. Бугарија е една од земјите кои го движат напред процесот на европска интеграција на целиот регион. Да не заборавиме дека во 2018 година во Софија токму Бугарија беше домаќин на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и ја предводеше оваа европска перспектива на целиот регион.“ Османи.

Мислам дека е во интерес и на Бугарија и на нас и на целата Европска Унија побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги труе нашите билатерални односи“, рече шефот на дипломатијата на Северна Македонија.

 

27.11.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега