Османи во Варшава: ЕУ да го испорача ветеното кон Северна Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи престојува во работна посета на Варшава, Република Полска, каде што оствари одделни средби со Министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович и со Државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански. 

Централна тема и на средбите во Варшава беа европските перспективи на Република Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

„Полска е голем пријател и партнер на Северна Македонија, и веројатно еден од најзначајните поддржувачи за нашите европски интеграција внатре во Унијата, но и во рамките на земјите од Вишеградската група.“ изјави Османи на средбата пренесувајќи ја благодарноста на Владата и земјата за континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Полска.

Од страна на Министрите, на средбите беше потврдена оваа поддршка, а беше упатена и порака на оптимизам за добивање консензус од страна и на останатите земји – членки, за потврда на одлуката во октомври, реафирмирајќи притоа дека земјата ги има исполнето буквално сите критериуми и услови кои беа побарани од страна на Унијата, од која, беше нагласено – сега се очекува да го испорача ветеното.

Посетите на Берлин и Варшава преставуваат дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ. Претходно Османи ги посети и Брисел, Стокхолм, Хелсинки, а во пресрет на самитот планирани се и посети на останатите европски метрополи. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега