Османи: Спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори - може да започнат веднаш

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес учествуваше на шестата седница на Националниот совет за евроинтеграции, на тема „ Очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во Европската Унија“.

„Како ЗПВРСМЕУ и Главен политички преговарач дозволете веднаш да се изјаснам и да не оставам простор за било какви дилеми: спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори. Тие може да започнат веднаш, “ истакна Вицепремиерот Османи.

Во обраќањето Османи реферираше за текот на транспонирањето на европското законодавство, при што пред присутните објасни детално до каде е процесот и што ја очекува земјава откако ќе ги започне преговорите со Унијата, а ја презентираше и преговарачката структура чие воспоставување е веќе финализирано.

 

„После две децении во процесот на европска интеграција, Република Северна Македонија конечно  ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме“, рече Османи, притоа посочувајќи дека верува дека на октомврискиот самит земјите - членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс кој ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега