Османи се сретна со министерот Бурита: Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, оствари средба и со својот домаќин, мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.

Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со која оваа година претседава Северна Македонија.

Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.

Беа разменети мислења и за  заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.

12.05.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега