Османи: Проблемот со Бугарија е во создадената недоверба кон Договорот за добрососедство

Решението со Бугарија го гледам само во враќањето на Договорот за добрососедство како инструмент за следење на надминување на разликите во преговарачкиот процес, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи за емисијата „360 степени“.

Тој истакна дека барањето на Бугарија да се прифати дека македонската етногенеза е бугарска, а македонскиот јазик е кодифициран врз основа на западно-бугарски дијалекти, е рефлексија на создадената недоверба кон Договорот за добрососедство.

-Недоверба којашто постои помеѓу општествата подолг период и помеѓу интелектуалци, научници, историчари, политичари. Меѓутоа, недовербата се пренесе на Договорот чијашто улога беше да ја врати довербата. Тоа ни создаде проблем – потенцира Османи.

Тој додава дека германското претседателство направило натчовечки напори земјава да ги започне преговорите со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега