Османи: Преку автентични фотографии ја прикажуваме франкофонската традиција на нашата земја

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, денес имаше свое обраќање на виртуалената изложба „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“ со која Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го одбележува големиот јубилеј – 50 годишнината од втемелувањето на Франкофонијата.

„Изложбата  преку автентични фотографии од архивата на Министерството, Францускиот Институт од Скопје и други институции и приватни лица,  ја прикажува франкофонската традиција на нашата земја, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и културната франкофонска размена  која се надоврзува на мултикултурната и мултилингвистичка традиција и реалност на нашата земја“, истакна Османи, додавајќи дека преку прикажаните фотографии може да се следи патот на Република Северна Македонија кон Франкофонијата.

Министерот Османи истакна дека оваа изложба требаше да биде отворена во холот на Министерството за надворешни работи, во март 2020 година, како дел од одбележувањата на 50 годишнината од Франкофонијата, но поради епидемиолошката состојба со пандемијата на Ковид 19 не спречија  привремено во реализацијата на таа идеја.

„Сепак со истиот ентузијазам, гордост и заложби за иднината, ја претставуваме изложбата виртуелно, со надеж дека ќе може да организираме и нејзино физичко поставување во март 2021 г., за Деновите на Франкофонијата“, истакна Османи.

Изложбата виртуелно се поставува токму на Меѓународниот ден на професори по француски јазик, 26 ноември. „Честитајќи им го денот, изразувам голема почит за нивната благородна мисија во ширењето на јазикот на Молиер во нашата земја. Оваа изложба им е посветена ним,  но и на сите пријатели на францускиот јазик и на Франкофонијата“, истакна Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега