Османи потврди: Се разменуваат предлози со Бугарија за решавање на спорот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави денес дека нема прекин во обидите и во комуникацијата со Бугарија за да се најде согласност околу преговарачката рамка на ЕУ за Македонија. Тој не смета дека решение за спорот е потпишување на нов договор туку решението е во сегашниот околу кој треба да се врати довербата бидејќи во Бугарија сметаат дека не се исполнува. Тој потврди дека се разменуваат предлози и идеи, некогаш вербални, некогаш напишани, но јавноста ќе знае за нив ако станат основа за постигнување на согласност, а сега очигледно тоа не е случај, бидејќи не сакаше да ги соопшти.

– За нас е многу важно одржувањето на меѓувладината конференција во декември со германското претсдателство и затоа работиме со конкретни предлози и идеи. Се додека се идеи и предлози за кои нема согласност остануваат само идеи и не можеме отворено да зборуваме за нив. Главно зборуваме во однос на загриженоста за територијални претензии, во однос на малцинствата, работата на Историската комисија, за економските односи, инфраструктурните односи и говорот на омрза. Мое чувство е дека во суштината на проблемот е недостигот на довера меѓу нас и Бугарија.Да ги оставиме настрана политичарите, таа недоверба е меѓу интелектуалците, академиците, историчарите и таа се пренесува во јавноста и има историски контекст. Мора да признаам дека изминатите 70 години не се направени обиди таа да се надмине туку работите се ставани под тепих. Затоа решението и шансата ја гледам во враќање на довербата во договорот, тој е платформата и формата за надминување на разликите. Тука е шансата и работиме во овој правец, рече Османи.

Според него, Бугарија има јасен став за идентитетските прашања, дека не ги спори идентитетот и јазикот на граѓаните во Македонија. Роа, оцени тој, е добра основа за стекнување целосна доверба.

-Преговорите со ЕУ се тешки и комплексни, полни со пречки на патот. Ние сме поминале такви пречки, а едната беше таа од Франција. Ако не се реши ова прашaње ќе има катастрoфални последици на односите и ќе влијае на можноста за долгорочно решавање. Затоа работиме да ја вратиме довербата овие денови за да го завршиме процесот.Исто беше и со ветото на Франција, и тогаш изгледаше безнадежно, но дали требаше да се откажеме тогаш? Франција немаше доверба во проширувањето, но се најде моцата методологија и работите се придвижија, рече Османи.

Околу забелешката дека според бугарските медиуми се уште сме далеку од решение, а според нашите функционери блиску, Османи рече дека е факт дека има конкретни чекори, идеи и предлози што се разменуваат и дека гледајќи ја сериозноста на предлозите го засновува својот оптимизам дека има солидна основа да се најде заедничка согласност.

Околу тоа дали има обиди за медијаторство и активности зад сцена Османи рече дека пријателите со загриженост го гледаат овој развој во односите со Бугарија и секој се обидува на свој начин да помогне.

– Интерес имаат сите ова да успее. Се разбира германското претседателство тоа го прави најактивно, но нема конкретна форма на посредуваме зошто разговараме директно, рече Османи.

Околу Белене тој одговори дека нашата намера за диверфицикација на изворите за снабдување со енергија е комуницирана со сите партнери и не е изненадување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега