Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

 

Политичарите треба да бидат последни кои ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, граѓаните со најниски примања, мора да имаат предност, прво тие да добијат зголемување, а на крајот и политичарите.

„Од практичен аспект секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата не остава добра порака, бидејки веројатно тогаш има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Секој би сакал да има поголема плата. Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите, откако на сите ќе им се зголемат тогаш и на политичарите”, изјави Османи.

Тој додаде дека за оваа одлука ќе се расправа на седница на Влада, каде тој ќе предложи сите да добијат зголемување на платата, но предност пред политичарите да имаат граѓаните со најниски примања.

31.03.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега