Османи по земјотресот на Самос: Подготвени сме да помогнеме

Подготвеност за помош до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, изрази министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, преку неговиот официјален „Твитер“,  по земјотресот на Самос, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, Османи изрази и жалење и сочувство за загинатите на грчкиот остров.

-По разорниот земјотрес во Егејското Море, со тага ја примив веста за загубата на животите на Самос, Грција. Сочувство до семејствата на загинатите. Никос Дендиас и Милитиадис Варвициотис, подготвени сме да помогнеме, напиша доцна синоќа Османи.

Подготвеност за помош, шефот на македонската дипломатија, претходно изрази и до неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, а изрази и жалење за жртвите во Турција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега