Османи: Опозицијата има две сценарија - ако успееме ќе викаат „уа предавници“, а ако не „уа неспособни“

Министерот за надворешни работи напомена дека сега сме во фаза на почеток на преговори со ЕУ, а не во фаза на членство, нагласувајќи дека треба да се направи јасна дистинкција и додаде дека најважен момент во оваа фаза е усвојување на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

– Северна Македонија го има започнато, односно потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација неколку месеци по Словенија, неколку месеци пред Хрватска, што значи ако тоа било една тројка која почнала, тоа треба да се заврши, за да може да зборуваме за други процеси. Второ, ако гледаме од сегашна перспектива Северна Македонија е со Албанија  и Црна Гора како земји коишто се три НАТО членки во регионот со стопроцентно усогласување на надворешната и безбедносна политика, а се уште се далеку во процесот на асоцијација и прилагодување кон европските правила на една игра и во тој дел треба и тој пакет исто така да се заврши. И третиот коментар, ние зборуваме за почеток на преговори, не зборуваме за членство, рече Османи.

Тој истакна дека преговорите се техничка асистенција на ЕУ кон одредена држава кандидат за да се подготви за членство, а ветото ни ја кочи можноста да се подготвиме, европеизираме и да се развиеме.

На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку во јуни не се тргне ветото, Османи рече дека ова е опозициско гледиште, а според него опозицијата има две сценарија.

– Ако процесот успее ќе вика „уа предавници“, ако не успее „уа неспособни“, значи ќе бидеме или предавници или неспособни, истакна Османи.

Тој додаде дека успехот не треба да се цени само во однос на тоа дали ги почнуваме преговорите, туку пред се дали се штитат државните интереси. Османи дополни дека помалку важни се кариерите на политичарите, отколку државните интереси, кои имаат историски значење.

10.05.2022 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега