Османи: Од нас самите зависи дали ќе се реализира целта – полноправно членство во ЕУ до 2030

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес учествуваше на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, кој првпат се одржа во Скопје.

Во своето излагање Османи нагласи дека земјата е целосно посветена на почнатиот преговарачки процес, кој веќе три децении е наша стратешка реалност и имплементација на европската агенда, со акцент на постигнувањето консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите. Од нас самите зависи дали ќе се реализира нашата цел – полноправно членство во ЕУ до 2030.

Османи истакна дека нашата држава останува и натаму конструктивен актер на регионален план давајќи суштински придонес за натамошно продлабочување на добрососедските односи, регионалната соработка и јакнење на регионалната безбедност.

„Препознаени сме како земја од регионот која негува култура на дијалог и мирно разрешување на споровите, а состанокот, чии домаќини ќе бидеме утре во Охрид, е признание за тоа“, рече Османи.

Го предочи активното учество во сите регионални иницијативи, при што Берлинскиот процес е основен двигател на нашата регионална соработка, а „Отворен Балкан“ е наша автохтона регионална иницијатива, комплементарна со Берлинскиот процес.

Истовремено, Османи посочи дека оваа година ни е доверено претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација, како и со САД – Јадранската Повелба (А5) и со процесот за соработка во Југоисточна Европа, што претставува огромна одговорност за нас во овој даден геополитички момент.

17.03.2023 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега