Османи: Не сум среќен кога Мицкоски зборува за Законот за јазици

Не сум среќен кога Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици.

Ова го изјави вицепремиерот Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus”  и кажа дека Законот не треба да биде партиска тема.

– Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема, рече Османи при гостувањето.

Османи демеантираше дека рекол оти е можно да има војна ако има проблем со Законот за јазици.

 

-Тоа се  fake news. Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде. Со војните завршивме, сега ни треба заеднички јазик, рече Османи.

Османи додаде дека доколку Мицкоски излезе од етничките теми, ќе има успех.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега