Османи: Нашиот став е јасен - јазикот и историските прашања да не бидат дел од преговарачка рамка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кажа дека треба да го погледнат текстот кој го изгласа Бугарското собрание и како тоа ќе влијае на тоа што француското претседателство ќе го достави како конечен предлог.

 

„Ова беше само работна верзија, која не беше целосна. Ќе видиме допрва која е бугарската позиција и што ќе предложи Франција, откако го виде и нашиот став. Ќе видиме во следните денови“, кажа Османи.

„Јазикот иисториските прашање, да не бидат дел од преговарачката рамка и секвенционирањето меѓу чекорите промената на Уставот и почетокот на преговорите се важни во нашата одлука да се прифати или одбие некој предлог“, вели министерот.

24.06.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега