Османи на ССА: Земјата е целосно посветена на започнатиот преговарачки процес и имплементација на европската агенда

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска учествуваше на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, кој за првпат се одржа во Скопје.

Во своето излагање, Османи нагласи дека земјата е целосно посветена на започнатиот преговарачки процес кој веќе три децении е наша стратешка реалност и имплементација на европската агенда, со акцент на постигнувањето консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите.

- Од нас самите зависи дали ќе се реализира нашата цел - полноправно членство во ЕУ до 2030, рече Османи.

Како што информираат од МНР, Османи потенцираше дека нашата држава останува и натаму конструктивен актер на регионален план, давајќи суштински придонес за натамошно продлабочување на добрососедските односи, регионалната соработка и јакнење на регионалната безбедност.

- Препознаени сме како земја од регионот која негува култура на дијалог и мирно разрешување на споровите и состанокот чии домаќини ќе бидеме утре во Охрид е признание за тоа”, рече Османи.

Министерот го предочи активното учество во сите регионални иницијативи, при што Берлинскиот процес е основен двигател на нашата регионална соработка, а Отворен Балкан е наша автохтона регионална иницијатива, комплементарна со Берлинскиот процес.

Истовремено, Османи посочи дека оваа година ни е доверено претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална безбедносна организација, како и со САД – Јадранската Повелба (А5) и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што претставува огромна одговорност за нас во овој даден геополитички момент. 

17.03.2023 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа