Османи на средба на „тројката“ на ОБСЕ со азиските партнери

Важноста од партнерството и соработката помеѓу Европа и Азија во овие критични времиња и предизвици, по руската инвазија на Украина, беа реафирмирани на средбата на министрите за надворешни работи на „Тројката“ претседавачи на ОБСЕ – Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Тобиас Билстром и генералната секретарка на Организацијата, Хелга Марија Шмид со Групата азиски партнери за соработка на ОБСЕ.

– Би сакал да ги поздравам напорите на Шведска, како претседавач со Групата на азиски партнери за соработка на ОБСЕ, во оваа особено тешка година, да дизајнира програма која има за цел зајакнат и отворен дијалог, врз база на постоечките односи и синергии меѓу двата континента, во рамките на нашата Организација, рече Османи на средбата одржана на маргините на 29-от министерски состанок на ОБСЕ.

Како што информира денеска МНР, Османи најави дека за време на претседавањето на земјава со ОБСЕ во текот на следната година ќе одржува редовни месечни координации со Азиските партнери, со цел дискусија и размена на мислења за можностите на унапредување на соработката и справувањето со заедничките безбедносни закани и предизвици.

Шефот на дипломатијата воедно истакна дека Северна Македонија при координирањето на работата на ОБСЕ ќе ги предвид и препораките на партнерите.

02.12.2022 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега