Османи: Меморандумот на Бугарија отстапува од принципите на Договорот за пријателство и добрососедство

Договорот за пријателство и добрососедство направи пресврт во односите со Бугарија, а меморандумот кој го поднесоа отстапува од неговите принципи“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

"Мора да продолжиме со разговори бидејќи друг пат нема, ние од овој договор не се откажуваме. Меѓутоа овој меморандум отстапува од принципите на договорот за добрососедство и затоа во мојата комуникација со бугарската министерка за надворешни работи Захариева се договоривме разговорите да продолжат на највисоко ниво, како и работата на комисијата за историски прашања, вели Османи.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ меморандумот на Бугарија да се разгледува во Собранието и Македонија да изготви контра-резолуција на бугарските барања, Османи вели дека сака и очекува искрена соработка со опозицијата во овој четири годишен мандат, но дека нема да дозволи тоа да премине во политичко шоу за дневно политички поени.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега