Османи: Макрон направи ненамерна грешка кога нè нарече „северномакедонци“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговараше на новинарски прашања по прес-конференцијата и кажа дека претседателот на Франција, Емануел Макрон направил ненамерна грешка кога нè нарече „северномакедонци“.

Османи кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција, по што немале повеќе дилеми дека Макрон направил ненамерна грешка.

„Искомунициравме со Амбасадата на Франција, а исто така реагиравме во комуникација со ранцуската делегација, а премиерот имаше комуникација со Макрон. Нема дилеми дека Макрон направи ненамерна грешка“, кажа Османи.

24.06.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа