Османи: Координирана акција и солидарност е клучот за надминување на кризата предизвиката од Ковид-19

 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисии акредитирани во Скопје.

Целта на брифингот, како што соопшти МНР, беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и заразличните сетови на мерки коиги презема Владата за справување со пандемијата.

– Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19, истакна Османи.

Тој изрази благодарност до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност и меѓудржавна соработка, бидејќи, посочи, пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана.

Министерот за здравство Филипче ги информираше амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со Ковид-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата, се наведува во соопштението на МНР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега