Османи: Изгледа дека до раните утрински часови ќе ја чекаме одлуката на Макрон за старт на преговорите

 

Засега изгледа дека до раните утрински часови ќе биде неизвесно што Макрон ќе одлучи за Македонија, вели Потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи во своето гостување во емисијата Детектор на Сител Телевизија.
„Очигледно дека таа одлука е резервирана кај Претседателот Макрон, и поради системот како што е поставен во Франција меѓутоа и поради неговата одлука, тој да пресече на крај. Ние се надеваме дека ќе биде поизвесно. Очекувавме уште во КОРЕПЕР да имаме некаква извесност која што не се случи. Сега останува, следното е на 15ти кога министрите за Европа ќе се сретнат во Луксембург. Доколку таму не се донесе некоја одлука за потоа само да се поддржи на 17 ти кога е европскиот совет на шефовите на држави тогаш се разбира ќе остане на 18ти.“ – вели Османи во Детектор.
Коментирајќи ги критиките на официјален Париз пренесени преку интервјуто на францускиот амбасадор Тимоние во кое тој зборува дека Франција не сака да види во Европската Унија земји кои имаат проблеми со функционирањето на правната држава, Зоран Нечев од Институтот за Демократија вели дека не треба да се обесхрабруваме, туку дополнително да се мотивираме.
„  Токму тоа е поттикот кој што го дава почетокот на преговорите. Значи од поопшти разговори во однос на владеење на правото и одредени реформи во одредени сектори, кога ќе почнат преговорите ние ќе се сведеме на секое поглавје технички критериуми кои што треба да се исполнат од животна средина до правосудство. Така да, целиот овој процес, почеток на преговорите го гледаме само како поттик, како мотивација, сите овие проблеми што ги набројал амбасадорот да бидат решение на еден систематски начин“ – вели Нечев за Детектор.
Во вторник на 15 октомври, министрите на земјите членки на Европската Унија ќе се сретнат во Брисел, а два дена подоцна на заедничка маса ќе седнат и шефовите на држави на земјите од Унијата. Од овие два состаноци, но пред се од одлуката на официјален Париз ќе зависи дали Македонија, овој месец ќе добие датум за старт на преговорите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега