Османи: ИРИ е неповратно вграден во политичкиот и демократскиот развој на земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот биле отворени теми поврзани со можностите за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.

Османи упатил благодарност до Макарти за континуираната поддршка што Институтот ја обезбедува за нашата држава и нејзините евроатлантски амбиции како и за постигнатиот демократски напредок.

– Како земја имаме огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, напредок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок, истакна Османи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега