Османи: Европските интеграции целосно се враќаат на агендата на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристиан Тимоние, на која главна тема беше нон-пејперот подготвен од страна на Франција, a во кој се содржани иницијативите на Француската држава и Претседателот Макрон, за реформа на методологијата и начинот на кој би се одвивале преговорите за проширување на Европската Унија во иднина.

„Самата содржина на иницијативата, но и брзината со која Франција излезе со оваа иницијатива, на само еден месец од октомвриските самити, покажува дека процесот на европско интегрирање на целиот регион, а со тоа и на земјава не е запрен, туку тече со солидна динамика“ - истакна Османи, потенцирајќи притоа дека иницијативата е веќе испратена до земјите – членки, кои веќе работат на неа, што укажува на фактот дека процесот се движи, изразувајќи притоа и надеж дека наскоро може да се очекува нова методологија која ќе овозможи старт на преговорите со ЕУ.

За време на средбата Вицепремиерот Османи изрази благодарност до Франција и амбасадорот Тимоние за инклузивноста со која се гради овој процес, вклучувајќи ги и земјите кои преговараат и очекуваат да го почнат овој процес, како и за прецизноста со која се потврдува поддршката од страна на Франција за европските перспективи на целиот регион. 

 

„Веројатно најважната компонента на овој документ претставува јасната и недвосмислена потврда дека главната цел на преговроите претсатвува полноправно членство во Унијата, со што се затвораат сите шпекулации за разни алтернативни и асоцијативни членства и што го враќа процесот на европско интегрирање на на земјите од Западниот Балкан во негова целосна ширина“, истакна Османи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега