Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат

Министерот за надвоешни работи, Бујар Османи ги соопшти првите резултати од ветингот кои се имплементирани, согласно преземените активности за првичниот ветинг или вонредната анализа на состојбата со безбедносните сертификати во рамки на МНР.

„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот“, рече Османи.

Тој додаде дека се прават темелни проверки за дополнителни шест лица, кои не побарале обнова навремено и имаат истечени сертификати.

„На нив ќе им биде ограничен пристапот до куќата, но не се одбиени и имаат рок од 7 дена да побараат соодветна сертификација“, рече Османи.

21.09.2021 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа