Османи: ДУИ се разочарани по вчерашното апсење

Бујар Османи коментирајќи ги случувањата поврзани со „Рекет“ кажа дека ДУИ се разочарани од апсењето за случајот и дека како партија се против селективна правда.

-Ние сме против селективна правда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, постојано го повторуваше тоа, изјави денеска Османи, по апсењата вчера.

За Специјалното јавно обвинителство Османи вели дека институциите треба да го истражат случајот, а долго најавуваниот ветинг е едно од решенијата за кое ќе зборува на лидерската која за во петок ја најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доцна вечерва од судија на претходна постапка во Кривичниот суд доби 30 дневен притвор како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

 

Претходно и второосомничениот за противзаконито влијание, Зоран Милески, познат како Кичеец, доби 30 дневен притвор. И двајцата беа спроведени со полициска придружба и лисици во судот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега