Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил.

Ккао што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден.

„Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници за време на целата кампања: активистите, партиските другари и коалиционите партнери, поддржувачите, форумот на жени и младинскиот форум. Навистина беше чест да се работи со посветеност и жртва, во процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, последниот збор им припаѓа на граѓаните. Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту целосно законита во сите аспекти, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека чесноста и вредностите имаат значење само ако ги задржиш и во вакви ситуации.

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.

На крај, сакам да им се заблагодарам на моето семејство — тие ја понесоа најголемата тежина од моето политичко ангажирање, но од нив ја добивав и најсилната поддршка.

Exit mobile version