Османи: Дијалогот со Србија не може да биде приоритет додека не се обезбедат вакцини

Претседателката на Косово, Вјоса Османи порача дека за нејзината држава, во актуелната ситуација, не може да биде приоритет дијалогот со Србија, сè додека не се обезбедат потребните количества вакцини против ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

На денешната средба со амбасадорот на Чешка во Приштина, Павел Билек, Османи изрази надеж дека државите пријателки ќе му помогнат на Косово да се снабди со вакцините.

 

-Претседателката Османи (…) нагласи дека не може да се приоретизира дијалогот со Србија, сè додека не се обезбедат вакцините за граѓаните на Косово. Таа нагласи дека во ова време е потребна солидарност меѓу државите и изрази надеж дека Косово ќе биде помогнато од државите пријателки и меѓународните организации во обезбедувањето на потребните количества вакцини за неговите граѓани, се вели во соопштението по средбата на Османи со амбасадорот Билек.

Помош во снабдувањето со вакцини шефицата на косовската држава денеска побара и од вршителот на работите амбасадор на Јапонија во Косово, Огасавара Митсунори.

 

Како што соопшти кабинетот на Османи, таа му се заблагодарила на Митсунори за постојаната помош од Јапонија за Косово, посебно на полето на здравството и животната средина и воедно изразила задоволство поради учеството на тим од истакнати косовски спортисти на идните Олимписки игри во Токио.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега