Османи: Дефинирани се 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците

Откако не успеа идејата на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги собере албанските партии на заедничка средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците. На предвремените парламентарни избори партиите на Албанците во Македонија добија 32 од 120 пратенички места во Собранието.

Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави денеска Бујар Османи за ТВ21.

– 1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии – истакна Бујар Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега