Османи: „Да се чепкa Законот за јазици"

Секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско алабанскиот баланс кој се вопоставува со Законот за јазици и ќе отвори зачаран круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале.

Ова денеска го изјави вицепремиерот Бујар Османи по повод последната одлука на Венецијанската комисија за Законот за јазици и вчерашните најави на премиерот Зоран Заев дека измени на Законот ќе има, пренесе Сител.

Османи рече дека е задоволен од извештајот на Венецијанската комисија особено затоа што дал позитивно мислење за двојазични монети и униформи за што ќе се постигне решение.

Од друга страна, премиерот Заев рече дека власта  ќе ги испочитува укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците. Ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите кои работат, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување.

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега