Османи: Бугарија е информирана за нашата намера за диверзификација на изворите на енергија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Софија е информирана за повлекувањето на нашата земја од проектот за нуклеарката Белене и одлуката да се вклучи во проектот Александрополис.

– Нашата намера за вклучување во делот на диверзификацијата на изворите на енергија е комуницирана со сите партнери и во тој дел нема некое изненадување во нашите односи со Бугарија или со кој било друг, рече Османи на денешната прес-конференција во МНР, одговарајќи на новинарско прашање дали имало официјално реагирање од бугарска страна за ваквата одлука.

Владата одлучи времено да се откаже од инвестирање во бугарската нуклеарката Белене и да се насочи кон грчката гасна електрана во Александрополис, поради поголемите изгледи тој проект да се реализира во поскоро време отколку бугарскиот проект за нуклеарна централа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега