Османи: Билатералната помош од УСАИД изврши огромно влијание врз демократскиот развој на земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Гречен Биркл, Вршителка на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија , која му го претстави новоименуваниот претставник на Канцеларијатана УСАИД во Македонија, Ерик Јановски.  

Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата му честиташе на г.Јановски за неговиот мандат и му посака успешна работа, изразувајќи надеж за продолжување на плодната соработка во повеќе области, при што на госпоѓата Гречен Биркл и се заблагодари за досегашната соработка. Во улога на национален координатор на странска помош, Османи изрази задоволство и благодарност и за успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, во износ од над половина милијарда долари од независноста до денес, со која беа поставени основите на демократскиот и граѓанскиот развој на Северна Македонија.

„Градењето на демократијата во нашата земја врз принципите на владеење на правото, слобода, еднаквост, солидарност, како западни вредности и нивното вградување во нашето мултиетничко општество претставува цел кон која се стремиме и работиме долги години со поддршката токму од УСАИД како наш партнер, но и главен центар за распределба на развојната помош“, посочи Османи, истакнувајќи дека присуството на УСАИД има оставено неизбришлива трага во остварувањето на стратешките приоритети на земјава- членството во ЕУ и НАТО.

 

Во продолжение на средбата соговорниците изразија уверување дека соработката меѓу Владата и УСАИД ќе продолжи да се реализира согласно потребите и приоритетите на Македонија и во претстојниот период, кој за земјава е клучен во евроинтегративниот процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега