Ослободителна пресуда за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески

Ослободителна пресуда за кривичното дело несовесно работење во службата му изрече Основниот суд од Битола на екс- градоначалникот Владимир Талески, потврдија од судот за Апла.мк.

Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел се’ со што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола.

Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и не правосилна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега