Ослободете се од зависноста од слатко, и исчистите го организмот од паразити

Дали некогаш сте се прашале зошто постои зависност од слатки работи – причините се две.

Една од нив се паразитите во организмот, а втората, стресот. Кога човек јаде многу слатки работи, тој создава во телото услови за акумулација на слуз. На оваа слуз почнуваат да се размножуваат габички и бактерии.

Според статистиката, една третина од популацијата страда од паразити. Обично човекот не е ни свесен за нивното присуство во своето тело.

Паразитите кои живеат во нашето тело ни ја одземаат енергијата. За да ја надомести, организмот бара да изедеме нешто слатко, бидејќи глукозата, која се содржи во слатките, му дава брзо енергетско надополнување.

Од друга страна, колку е поголем бројот на паразитите во телото, толку е подебел слојот масти.

Со ослободувањето од паразитите, вашата тежина се нормализира и исчезнува желбата за слатки. И така, кога паразитите ќе престанат да ви ја одземаат енергијата, исчезнуваат поспаноста, уморот, главоболката, малаксаноста, ќе се нормализира метаболизмот и уште многу други работи. Ќе увидите и самите!

Лечењето од паразити или спроведување превенција, дури и ако мислите дека немате паразити во организмот, е потребно два пати годишно, односно еднаш во шест месеци.
Чистење на организмот од паразит со лен и каранфилче.

Ленот и каранфилчето се ефикасни речиси за сите видови паразити. За подготовка на мешавина за чистење, потребно е да се измешаат ленено семе и суви цветови од каранфилче во размер 10:1, односно 100 г семе од лен и 10 г каранфилче. Сето тоа треба да се иситни во прав. Земајте секој ден по две рамни супени лажици, во текот на три дена.

Оваа мешавина можете да ја додавате во варено кафе, во еден оброк, во јогурт, или да го изедете, а потоа да испиете чаша топла вода, најдобро во утринските часови. По тридневна консумација на оваа смеса, направете пауза од три дена. Потоа повторете повторно.

Оваа смеса треба да се консумира еден месец. Немојте да ве збуни некоја рекација на организмот, како чешање, осип, херпес, промена на бојата на столицата, урината. Тоа е во основа знак дека организмот се чисти.

При консумацијата, оваа мешавина останува на ѕидовите од гастроинтестиналниот тракт, а резултатот е дека паразитите ќе бидат „приморани“ да го напуштат вашиот организам.

За чистење на организмот добро е да се консумираат киселомлечни киселини, семки од тиква, сончоглед, ореви, листови од магдонос, миродија, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега