Ослободениот соучесник на Пабло Ескобар пристигна во Германија

Еден од основачите на меделинскиот картел, Карлос Ледер, кој е уапсен во 1987 година планира својот живот да го продолжи во Германија.

Човекот кој го основаше картелот заедно со Пабло Ескобар пристигна во Германија откако беше пуштен од затворот во Соединетите Американски Држави.

70-годишниот Ледер кој покрај колумбиско има и германско државјанство беше осуден на доживотен плус 135 години затвор. Казната е ублажена кога Ледер се согласи да соработува со органите.

Неговата ќерка Моника изјави дека нејзиниот татко боледува од рак и оти за него се грижи добротворна организација во Германија, со оглед на тоа дека тој нема роднини во таа земја.

Ледер го организираше транспортот на дрогата од малиот остров Норманс Кеј на Бахамите, околу 340 километри јужно од Флорида.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа