Осквернавени спомен плочите на бранителите во Вејце

Двете спомен плочи со имињата на осумтте загинати бранители кај Вејце се уништени од сѐ уште непознати сторители. За ова денеска информира претседателот на Одборот на бранители на Тетово Марин Најдов, кој  како што рече, бил на местото и утврдил дека едната ја нема , а втората е оштетена.

-Повредени се чувствата на бранителите, на македонскиот народ и на родителите и на нивните деца. Мислам дека институциите не си ја завршуваат добро својата работа и по кој знае кој пат поставуваме плоча и ја снемува. Тоа едно општество за сите е прифатено. Меѓутоа не се случува на нашиве простори, а од кои причини мора да одговорат политичките структури бидејќи не може да биде еднострана љубов – изјави Најдов.

Тој рече дека на денот на одбележувањето на годишнината 28 април и поставување на плочите упатил порака во име на концептот едно општество сите плочите да бидат зачувани.

– Поставувањето на спомен обележјата не е политика, туку оддавање сочувство. Сега поради ова сметам дека пораките од бранителите за соживот не допираат до другата страна. Испратив порака до вицепремиерот Артан Груби, да преземе мерки, за да не доаѓа до вакви немили настани меѓутоа рефлексијата е јасна, после ова веќе нема дискусија околу тоа дали се преземени мерки или не, дали е реагирано на тоа и не се преземени соодветни мерки. Се надеваме дека институциите ќе смогнат сили да ги најдат сторителите и соодветно да ги санционираат, во иднина да  не се случуваат ваквите работи кои се болни за човечкиот род – рече Најдов.

Едната плоча е поставена од Одборот на бранители, а другата претставници на Македонскиот родољубив народ.

 

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци” и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа