Орбан: Западните земји во ЕУ ги користат новите членки како жртвени јагниња

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кажа дека западните земји во Европската Унија патат од „замор од проширувањето“ и ги користат новите членки како жртвени јагниња за своите проблеми.

Орбан во коментар за државните медиуми оцени дека ако земјите како Србија веќе биле членки на ЕУ за време на емигрантската криза во 2015 година, „Нелегалната емиграција немаше да стигне до Германија“.

Тој кажа дека очекува поранешниот министер за правда Ласло Трочањи, кој е именуван за нов европски комесар за проширување, да се соочи со „жешки моменти“ за време на претстојното сослушување во Европскиот парламент кој треба да го одобри новиот состав на Европската комисија.

Унгарија е соочена со постапка на ЕУ околу почитувањето на владеењето на правото и демократските процедури вклучувајќи ги законите усвоени додека Трочањи беше министер за правда. Орбан, меѓутоа, кажа дека професионално на Трочањи не може ништо да му се замери, освен тоа „што е Унгарец“.

Орбан вчера кажа дека е оптимист дека новата Европска комисија ќе ги подобри односите со источните членки на ЕУ, кои се напнати по несогласувањето околу емиграцијата и мултикултурализмот.

Вишеградската четворка – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка – често се судураа со шефот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер и неговиот тим, особено околу решавањето на проблемот со емиграцијата, потестува Ројтерс.

Овие држави успешно се спротивставија на планот на Европа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега