Орбан: Унгарија непоколебливо ја поддржува Албанија за членство во ЕУ

Унгарија силно и непоколебливо го поддржува членството на Албанија во големото европско семејство. Тоа е во интерес на сите страни, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан на попладневната заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама, кој од вчера се наоѓа во посета на Унгарија.

 

– Сакам да ве запознам со премиерот на Албанија, кој е голем пријател на Унгарија. Тој победи на изборите три пати по ред, ова е голема работа, во земја како што е Албанија со жива демократија, во која се води голема политичка војна. Прашањата за кои разговаравме денеска е политичката соработка меѓу двете земји, се приближуваме до 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, сакаме тоа убаво да го прославиме, рекол Орбан, пренесува агенцијата Балкан веб.

 

Тој додал дека нема големи разлики меѓу двете земји и оти најважно е членството на Албанија во ЕУ.

– Унгарија е поддржувач и максимално е ангажирана на тоа Албанија да стане дел од ЕУ, ова не само што ја промовира нашата симпатија, туку и нашиот интерес. Без воспоставување членство за овој дел од Европа, нема стабилност. Би сакал уште еднаш да истакнам дека Унгарија е целосно посветена Албанија да добие членство во ЕУ, посочил Орбан.

Рама пак откако оценил дека за Албанија, Унгарија е земја со многу знаење, побарал билатералната соработка освен во економијата, да се прошири и во културата и образованието.

– Чест ми е да бидам пријател на премиерот и што имав можност да размениме мислења со него на темите кои ги спомна, но прво да побараме поддршка и помош на патот на развојот, модернизацијата и интеграцијата.Со нетрпение очекуваме проширување на соработката во повеќе области, рекол Рама.

08.06.2021 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега